Опис на проблемот
Проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци ги опфаќа и регионите кои досега се сметаа за чисти и здрави средини. Меѓутоа, на крајниот исток од државата последниве години во текот на зимата беа забележани високи концентрации на штетни ПМ честички во воздухот.
Локал Актив, во сторијата објавена на оваа тема во март 2024 година, мерната станица за мерење на квалитет на воздухот поставена во Берово во 2022 година, го разниша митот за тоа дека беровско е еколошка оаза со чист планински воздух. Со доаѓањето на зимата вредностите добиени од мерната станица покажуваа дека секој зимски месец воздухот е загаден. На пример, според извештајот од станицата, во декември 2023 година, 19 дена била надмината 24 часовната гранична вредност на ПМ 10 честички во воздухот. Во јануари такви денови имало 11. Меѓутоа, активистите на Локал Актив известија и дека мерна станица е поставена само во Берово, а во околните градови граѓаните чувствуваат тегоби, но немаат информација што се случува со воздухот. Според инспекторатот за животна средина во Општина Берово, аерозагадувањето најмногу се должи на користење недоволно суво огревно дрво, користење отпад од дрвна индустрија, стари и неодржувани горилници, согорување градинарски отпад, палење стрништа, а значаен удел има и употребата на јагленот како реагенс. Ова покажува дека проблем е и ниската свест кај граѓаните за огревот кој се користи, а кој во Делчево, на пример, опфаќа и отпадна синтетика, пластика и искористени моторни масла.
Барања
- Бараме општините на Истокот (каде нема мерни станици), во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, да постават мерни станици за следење на загадувањето на воздухот и информациите да ги објавуваат редовно на веб-страниците.
- Бараме ГО кои работат на полето на заштита на животната средина да ги насочат своите ресурси (проекти и активности) кон креирање кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните за одговорноста која на носат во решавањето на овој проблем.
Застапување за решавање на овој проблем
Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Регионалниот центар за застапување од Делчево.
Реализирани активности
- Во текот на декември 2024 г. Регионалниот центар за застапување од Делчево работеше на прибирање информации од локалните самоуправи од Источниот регион за можности за набавка на мерни станици.
- Од доставените информации, Локал Актив објави извештај според кој само три општини имаат поставено мерни станици – Штип, Кочани и Берово, додека Делчево и Виница се уште немаат, а Македонска Каменица користи само неколку мобилни мерни станици.
-
На 14 март 2025 г. во Делчево се одржа заеднички состанок на 8 граѓански организации од регионот за проблемот со аерозагадувањето, на кој беа донесени повеќе заклучоци: да се бара донаторска поддршка за намалување на проблемот на аерозагадувањето и отпадот, да се лобира кај општините за поставување мерни станици и за редовно и транспарентно известување, да се воспостават постојани механизми за соработка меѓу граѓанските организации, локалните власти и државните институции, и др.


