Тишината е нивниот јазик – проблемите на лицата со оштетен слух во комуникацијата со институциите од Источниот регион

Опис на проблемот

Во време кога технологијата и општеството се менуваат со голема брзина, постои група на луѓе кои секојдневно се борат со комуникациски бариери. Во Југоисточниот регион регистрирани се 15 глуви и 27 наглуви лица за кои предизвик е тоа што за многумина е рутина – од одење во општина, лекар, во банка, вадење на лична карта и други документи, преку решавање на секојдневни административни работи. Напредокот на технологијата не сменил многу во нивните животи. Тие и натаму се чувствуваат невидливи во многу институционални процеси и често без вистинска поддршка. Со одлуката да им се додели паричен надоместок, институциите, се чини, сметаат дека се „оддолжиле“ кон луѓето кои не можат да комуницираат со глас, ниту можат да слушаат. Законот за примена на знаковен јазик, донесен во 2009 година, во Член 7 пропишува дека „државните органи, органите на локалната самоуправа, правосудните органи, јавните претпријатија, установите, фондовите и други институции и организации, се должни на глувото и наглуво лице да му обезбедат толкувач на барање на глувото лице или по службена должност веднаш кога ваквото лице ќе приложи решение од Центарот за социјална работа, со кое му се признава правото на употреба на толкувач. Од 38 сертифицирани толкувачи, 80% се наоѓаат на територијата на Скопје. Шансите да се добие толкувач во останатите градови се далеку помали од тие во главниот град.

Истражувањето на Локал Актив претставено во сторијата објавена во мај 2024 година, покажа дека ниту една институција во Југоисточниот регион нема ангажирано толкувач на знаковен јазик.

Барања
  • Бараме од општините Василево, Босилово и Ново Село, да обезбедат средства од нивните општински буџети за хонорарно ангажирање на лиценциран толкувач на знаковен јазик.
  • Бараме од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село да обезбедат алатка со знаковен јазик – ајпад на кој е инсталирана апликацијата Cboard и Znakovko, што се достапни и локално прилагодени алатки за подобра визуелна комуникација со глувонеми лица.

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението Размислувај различно од Струмица.

Реализирани активности
  • Здружението Размислувај различно упати официјални дописи до општините Василево, Босилово и Ново Село  во кои бара од општините да издвојат средства од своите општински буџети за хонорарно ангажирање на лиценцирани толкувачи на знаковен јазик.

    Локал Актив го следи и натаму спроведувањето на барањата до институциите и ќе презема нови активности за решавање на овој проблем.    

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE