Доделени 24 мобилни ортопедски помагала, од кои 9 за лица со телесен инвалидитет од Источниот и Југоисточниот регион
Со средства собрани за период од три години (од 2022-2024 година), беа обезбедени 24 ортопедски помагала за лица со телесна попреченост, коишто минатата недела им беа доделени на оние на кои им се најпотребни. Со овие средства беа купени 14 електромоторни скутери, 7 инвалидски колички на електромоторен погон и 3 електромоторни додатоци за инвалидска количка. […]








