Вести

Со пари од унгарскиот кредит во Кочани ќе се гради Дом за стари лица и атмосферска канализација

Со вториот повик за финансирање на општински проекти, на Општина Кочани ѝ се одобрени 199.845.159 денари за изградба на Дом за стари лица. Владата со одлука одобри за 2025 година 4.243.827 денари, од вкупниот одобрен износ од 62.530.446 денари, за изградба на атмосферска канализациска мрежа во Кочани, северно од  фабриката Руен и изградба на неколку канализациски […]

Со пари од унгарскиот кредит во Кочани ќе се гради Дом за стари лица и атмосферска канализација Read More »

По физичкиот инцидент во Советот на Општина Кочани се бара начин за продолжување на институционалниот дијалог

Повик за итен состанок до координаторите на советничките групи упати претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев, со цел да се договорат како да продолжи нивната работа. Советот веќе три недели не работи, по инцидентот на 65. седница, што се одржа на 19 јуни, која беше прекината по вербалните дискредитирања и навредите меѓу советниците,

По физичкиот инцидент во Советот на Општина Кочани се бара начин за продолжување на институционалниот дијалог Read More »

Се урнаа објектите во кои беа сместени десеттина семејства, за да продолжи доизградбата на штипскиот булевар „Партизанска“

Десетина семејства кои беа сместени во објекти на Јавно претпријатие за стопанисување и деловен простор во населбата Осми Ноември во Штип од денеска привремено живеат кај роднини или се сместени во Студентскиот дом. Овие објекти од денеска почнаа да се уриваат со градежни машини, со цел да продолжи доизградбата на булеварот Партизанска, каде што поминува

Се урнаа објектите во кои беа сместени десеттина семејства, за да продолжи доизградбата на штипскиот булевар „Партизанска“ Read More »

Јавен повик до граѓански организации од Источниот, Југоисточниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион за доделување грантови за застапување

Институтот РЕСИС од Скопје објавува Јавен повик за доделување мали грантови со кои треба да се спроведат застапувачки активности од важност за локалните заедници. Грантовите активности треба да бидат поврзани со спроведено новинарско истражување и произведена аналитичка сторија на еден од трите медиуми на задницата – Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив

Јавен повик до граѓански организации од Источниот, Југоисточниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион за доделување грантови за застапување Read More »

Пензионерите се заканија дека нема да гласаат на локалните избори доколку пензиите не им се зголемат линерано

Пензионерите од речиси сите општини во државата на средбата во Свети Николе испратија порака до власта: „Немате глас од нас!“. Лути се од најавата дека ќе нема линерано покачување на пензиите. Пензионерите се децидни дека се против процентуалното зголемување. Трајче Станојков, член на Иницијативниот одбор  од Општина Свети Николе вели дека актуелните мерки за усогласување на

Пензионерите се заканија дека нема да гласаат на локалните избори доколку пензиите не им се зголемат линерано Read More »

Пуштена во употреба нова филтер станица за вода во Сушица

Жителите на село Сушица, Општина Ново Село, конечно добија квалитетна и безбедна вода за пиење. Долгогодишниот проблем со неисправната вода е надминат со пуштањето во употреба на новата филтер станица, која претставува трајно решение за ова рурално населено место. Станува збор за инвестиција во вредност од над 4 милиони денари, преку која е изградена современа

Пуштена во употреба нова филтер станица за вода во Сушица Read More »

Ниедно средно училиште во Штип не ги пополни слободните места во првиот упис

Додека деновиве се средуваат уписните пријави во сите средношколски центри во Штип, за образовните власти е разочарувачки податокот дека ниту најатрактивното, Медицинско училиште не успеа да ги пополни слободните места. Всушност, во првиот уписен рок за 719 слободни места аплицираа само 488 ученици. Слободни места има и за угостителската струка, што редовно беше една од

Ниедно средно училиште во Штип не ги пополни слободните места во првиот упис Read More »

Земјоделци од Карбинци и Конче добија пчеларски кошници од турската организација ТИКА

Изминатата недела низ источниот и југоисточниот регион, во селата со турско население од општините Карбинци, Штип, Радовиш, Конче, Василево и Валандово, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) додели 300 пчеларски кошници и опрема за пчеларство на 30 семејства што се занимаваат со пчеларство. Помошта е дел од поголемиот проект за поддршка на семејствата кои

Земјоделци од Карбинци и Конче добија пчеларски кошници од турската организација ТИКА Read More »

Општина Струмица ќе подигне споменик за музичарот Џоко и останатите загинати во пожарот во Кочани

Советот на општина Струмица донесе одлука за подигање спомен обележје – биста во чест на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓеоргиев (24) во пожарот во дискотеката „Пулс“  од Кочани, како и во чест на 62-те жртви на оваа трагедија. Локацијата на споменикот Советот на Општина Струмица беше едногласна. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за општествени

Општина Струмица ќе подигне споменик за музичарот Џоко и останатите загинати во пожарот во Кочани Read More »

Во Градашорци ќе се прави спомен соба за мисионерката Мис Стон

Општина Василево со пари од ЕУ од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, ќе прави спомен соба посветена на американската мисионерка Елен Стон. Таа ќе се наоѓа во Домот на културата во населеното место Градашорци кој ќе се реновира со цел да стане една од точките за развој на еко туризмот во Василево и општина

Во Градашорци ќе се прави спомен соба за мисионерката Мис Стон Read More »

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE