Вести

Општата болница во Кочани доби нова специјалистичка ординација за уво, нос и грло

Во просторииите на Општата болница – Кочани почна со работа нова Специјалистичка ординација за уво, нос и грло, како донација од Силк Роад Банка, а со посредство на здружението Супорт Кочани. На примопредавањето на современо опремената ординација беше речено дека таа ќе обезбедува здравствени услуги на пациентите од Кочани и од регионот, а особено ќе […]

Општата болница во Кочани доби нова специјалистичка ординација за уво, нос и грло Read More »

Ротари клубот Кочани – Виница донираше противпожарно возило за ДПД Виница

Доброволното противпожарно друштво – Виница доби навално возило за гасење пожари и други интервенции, а го донираше Ротари клубот Кочани – Виница. Возилото пристигна од Германија, каде со поддршка од наши хумани луѓе е набавено за потребите на виничките пожарникари волонтери. Се работи за камион од марката Мерцедес 811Д, кој е одлично зачуван со поминати

Ротари клубот Кочани – Виница донираше противпожарно возило за ДПД Виница Read More »

Радовиш ја откри Бистата на борачи по повод 30 години од европската титула на боречкиот клуб

Викендов, во свечена атмосфера и во присуство на бројни граѓани, спортисти и спортски работници, Општина Радовиш ја откри Бистата на борачи, со која се одбележаа 30 години од освојувањето на европската титула на радовишкиот Боречки клуб Бучим – еден од најголемите спортски успеси во историјата на градот и на македонскиот спорт. Со овој чин, Радовиш

Радовиш ја откри Бистата на борачи по повод 30 години од европската титула на боречкиот клуб Read More »

Радовиш ќе гради прифатилиште за да го реши проблемот со бездомните кучиња

Со изгласаниот предлог-план и програма за 2026 година за контрола на бездомните кучиња, Општина Радовиш конечно ќе се обиде да го реши својот проблем, за кој и претходно пишуваше Локал Актив. Општината претходно во 2022 година, заедно со уште 9 општини од Југоистокот реши да формира Регионално претпријатие за заловување и хуман третман на уличните

Радовиш ќе гради прифатилиште за да го реши проблемот со бездомните кучиња Read More »

Струмица презема мерки за почист воздух во училиштата и градинките

Прочистувачи на воздух од највисока класа се поставени во неколку основни училишта и детски градинки во Струмица, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и создавање поздрава средина за децата. Уредите се инсталирани во ООУ „Никола Вапцаров“, „Маршал Тито“, „Видое Подгорец“, „Сандо Масев“, како и во градинките ДГ „Виножито“ и ЈПУДГ „Детска Радост“. Градоначалникот на

Струмица презема мерки за почист воздух во училиштата и градинките Read More »

Конечно решение за македонските работници што дел од својот работен век го поминале во Италија

Фетах Јашаров, еден од граѓаните кои се соочуваа со проблем во добивање на странската пензија / Фото: Локал Актив Повеќе од 50 работници од Источна Македонија беа заглавени во административните лавиринти на македонската и на италијанската администрација. Проблемот настана кога одреден број македонски работници од Италија се вратија во Македонија и се стекнаа со право

Конечно решение за македонските работници што дел од својот работен век го поминале во Италија Read More »

Обука за застапување наменета за активисти од Источниот и Југоисточниот регион

Институтот РЕСИС на 30 октомври 2025 година организираше обука на тема „Застапување и користење на податоци за промени во заедницата“, во хотел „Сириус“, во Струмица. На обуката присуствуваа претставници на граѓански организации од Струмица, Штип, Виница, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, кои заедно со обучувачот Герман Филков разменува искуства поврзани со спроведување на застапувачки иницијативи, подготовка

Обука за застапување наменета за активисти од Источниот и Југоисточниот регион Read More »

Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион

На 8 октомври 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД, а спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Делчево и Берово. Средбите се дел од пошироката серија на теренски активности што Институтот

Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион Read More »

Одржана обука за новинарски аналитички приказни во рамки на Локал Актив Исток

На 30 септември 2025 година во хотел Оаза во Штип се одржа еднодневна обука на тема „Пишување новинарски аналитички приказни“ во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС. Работилницата беше наменета за новинарите и граѓанските активисти од Источниот и од Југоисточниот регион и имаше

Одржана обука за новинарски аналитички приказни во рамки на Локал Актив Исток Read More »

Градоначалникот на Општина Кочани се сомнева дека договорот за одржување на депонијата кој го склучила Владата е на штета на граѓаните

Министерството за животна средина и просторно планирање склучило договор со фирмата Лукс инженеринг 25 ДООЕЛ од скопско Визбегово за одржување на нестандардните комунални депонии кај Кочани и кај селото Никуштак, Општина Липково. Вредноста на договорот е близу 10 милиони денари, односно по половина од износот за двете депонии, а периодот за кој треба да се

Градоначалникот на Општина Кочани се сомнева дека договорот за одржување на депонијата кој го склучила Владата е на штета на граѓаните Read More »

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE