Author name: ЛокалАктив

Гевгелија сè уште без засолниште за жртвите од семејно насилство

Автори:  Петар Јанчев* и Ване Трајков** Во Гевгелија нема засолниште за жртвите од семејно насилство, а нема ниту т.н. „сигурна куќа“, па жртвите кои претрпеле физичко или психичко насилство во кругот на семејството се упатуваат во центри кои се далеку од родниот град. Тоа најчесто ги предомислува жртвите и тие одлучуваат сепак да останат во […]

Гевгелија сè уште без засолниште за жртвите од семејно насилство Read More »

Жителите на Горни и Долни Подлог и Мојанци бараат градскиот автобус на Кочани да вози и до нивните села

Повеќе од пет години жителите од кочанските села Горни и Долни Подлог и Мојанци се без јавен превоз, а исто толку време трае институционалната борба за поврзување со Кочани преку воведување на градски автобуски превоз. Од градот, овие населени места се оддалечени околу 5 километри, или околу седум минути возење. До општинската администрација жителите доставиле

Жителите на Горни и Долни Подлог и Мојанци бараат градскиот автобус на Кочани да вози и до нивните села Read More »

Ревизорите утврдија многу административни и финансиски слабости кај блокираната Општина Делчево

Ревизијата на Државниот завод за ревизија на Општина Делчево за 2023 година утврдила дека и по 15 години работа со блокирана сметка, општината не успеала да го врати долгот кон градежната компанија Гранит. Општината не успеала да наплати побарувања врз основа на данок на наследство и подарок, како и надомест за легализација на дивоградбите. Утврдени се слабости со наплатата

Ревизорите утврдија многу административни и финансиски слабости кај блокираната Општина Делчево Read More »

Со средства од ЕУ ќе се доуредува  велосипедска патека во Берово

Во Берово ќе се уредува и доградува постоечката велосипедска патека со должина од околу 22 километри со средства од  новоодобрен проект од  Програмата ИНТЕРРЕГ Бугарија – Северна Македонија 2021-2027. Се работи за трасирана патека, која во туристичката понуда на Берово се претставува како една од најатрактивни локации за планински велосипедизам. Патеката почнува од меѓународниот пат

Со средства од ЕУ ќе се доуредува  велосипедска патека во Берово Read More »

За исфрлање отпад во депонијата кај Кочани општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ќе плаќаат по 220 денари за кубен метар

Комуналните претпријатија од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево кои собраниот отпад го исфрлаат на депонијата во Кочани, во иднина на кочанското комунално претпријатие ќе му плаќаат по 220 денари за кубен метар. Висината на надоместокот денеска ја договорија градоначалниците од четирите општини во регионот, при што потпишаа и меѓусебен договор. Со тоа треба да се

За исфрлање отпад во депонијата кај Кочани општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ќе плаќаат по 220 денари за кубен метар Read More »

Значително пораснал бројот жалби кои струмичани ги поднесуваат во локалната канцеларија на Народниот Правобранител  

Последнава година, за 20% се зголемени претставките на граѓаните до  канцеларијата на Народниот правобранител во Струмица. Годишниот извештај на струмичката канцеларија на Народниот правобранител за 2024 година, покажа дека е зголемен интересот на граѓаните да добијат правна помош и совети. Пораснал и бројот на телефонските јавувања, преку кои граѓаните се информираат за своите права и

Значително пораснал бројот жалби кои струмичани ги поднесуваат во локалната канцеларија на Народниот Правобранител   Read More »

Радовиш – мало место со голем сообраќаен проблем: жителите бараат поголема безбедност во сообраќајот

Автори: Кристијан Трајчов* и Викторија Димитрова** Во далечината се слуша чкрипење на гуми. Како и во големите градови во Македонија – и во ова мало гратче се вози брзо и агресивно. Во зима не се внимава на неретко подмрзнатите улици. Лете пак, до раните утрински часови се организираат трки по булеварот „Александар Македонски“ и по кејските улици.

Радовиш – мало место со голем сообраќаен проблем: жителите бараат поголема безбедност во сообраќајот Read More »

Планинарите од Кочани однесоа храна и хигиенски средства за старите и изнемоштени лица во планинските села на Осоговијата

Членови на планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани во вчера ја реализираа втората хуманитарна акција за помош на старите и изнемоштени лица во селата на падините на Осоговските Планини. Во соработка со здруженијата Умиление од Виница и Благородна мисија од Кочани, беа обезбедени пакети со храна и средства за лична хигиена што веќе им се доставени

Планинарите од Кочани однесоа храна и хигиенски средства за старите и изнемоштени лица во планинските села на Осоговијата Read More »

Поставување на филтри и поголема контрола на согорувањето во пластениците – дел од барањата на протестот за чист воздух во Струмица

Илјадници струмичани со часови протестираа денес низ градските улици порачувајќи дека треба да се прекине со толерирањето нa енормното загадување на амбиенталниот воздух. На протестот под мотото „Забрането дишење“, што го организираше граѓанското здружение Здрава котлина од Струмица, беше кажано дека ова се последните предупредувања до народните избраници. Градот, кој е лидер по загаденост во

Поставување на филтри и поголема контрола на согорувањето во пластениците – дел од барањата на протестот за чист воздух во Струмица Read More »

Дојран стана прва општина во регионот со подземен катастар

Во функција на намалување на загубите на вода и подобрување на управувањето со водоснабдителната мрежа, Општина Дојран изработи подземен катастар, со што стана првата општина во регионот со ваква инфраструктура. Проектот преку кој е изработен подземниот катастар е во соработка со Германската асоцијација за меѓународна соработка (ГИЗ) и, според претставници на општината, тоа ќе значи

Дојран стана прва општина во регионот со подземен катастар Read More »

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE