Вести

Земјоделците од кочанското село Чифлик ја прифатија инцијативата за консолидација на земјиштето  

Сопствениците на земјоделско земјиште од атарот на селото Чифлик, во општина Чешиново-Облешево, со квалификувано мнозинство го усвоија Планот за распределба на земјиштето, што ќе значи окрупнување на нивните парцели. Со тоа ова село станува шесто во Македонија каде што ќе се спроведува консолидација на земјоделското земјиште. Прифаќањето на Планот значи дека земјоделскиот атар на селото […]

Земјоделците од кочанското село Чифлик ја прифатија инцијативата за консолидација на земјиштето   Read More »

Во Босилово поставени контејнери за текстил

По пластиката и електронскиот отпад, Општина Босилово започнува со селекција и на текстилот, со што во иднина ќе се селектира за повторна употреба или рециклирање. Општината Босилово, во соработка со компанијата „Тексомак“ поставија контејнери за текстил, каде граѓаните ќе може да се ослободат од непотребниот текстил. Проектот треба да помогне во намалувањето на отпадот, но и

Во Босилово поставени контејнери за текстил Read More »

Општините се покажаа слаби трговци

Општините евтино го продаваат градежно земјиште во државна сопствено, главно наменето за станбени згради, а цените за квадрат се движат од 1,2 евра до 299 евра. Во случајот со Штип, општината била слаб трговец и еден квадрат земјиште продавала од едно до 38 евра. Ова го покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во

Општините се покажаа слаби трговци Read More »

Нов почеток за Граничниот премин Клепало на македонско – бугарската граница

Со свеченост во Берово од македонска страна денес, на 7 октомври, беше одбележан почетокот на  проектот за воспоставување на новиот граничен премин, проектиран на вредност од 11,1 милион евра. За почеток се обезбедени 3,1 милион евра од Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. „Новиот почеток“ доаѓа речиси четврт век откако во

Нов почеток за Граничниот премин Клепало на македонско – бугарската граница Read More »

Жителите на Кочани дишат воздух богат со ПМ 2,5 честички и јаглерод моноксид

Мерењата на загаденоста на воздухот во Кочани, што во период од три месеци ги направија 12 ученички тимови средното училиште „Љупчо Сантов“, покажаа висока  концентрација на штетни честички и присуство на јаглерод моноксид и диоксид. На одредени места во центарот на градот,  присуството на ПМ2,5 е за 8,3 пати повеќе од дозволената вредност. -Учениците направиле

Жителите на Кочани дишат воздух богат со ПМ 2,5 честички и јаглерод моноксид Read More »

Струмица остана без вода за пиење

Струмичани седми дена се без питка вода за пиење. Поради високи концентрации на манган во водата што се дистрибуира преку водоводната мрежа на јавното претпријатие „Комуналец“, тие се принудени да се снаоѓаат и да полнат од други извори, или да купуваат. Анализите на Центарот за јавно здравје во Струмица покажаа и присуство на повеќе бактерии,

Струмица остана без вода за пиење Read More »

Општина Берово им помага на учениците со по 5000 денари на почетокот на учебната година

Општина Берово од својот буџет обезбеди по 5000 денари парична помош за 97 ученици, кои овој септември тргнаа во прва година во единственото општинско средно училиште „Ацо Русковски“. Средствата во износ од 485.000 денари се обезбедени преку Програмата за образование. Претходно, на крајот од август по 5000 денари добија и родителите на 67 првачиња од Берово,

Општина Берово им помага на учениците со по 5000 денари на почетокот на учебната година Read More »

Сепак, ќе се најдат државни пари за салата во Радовиш

Спортската сала во Општина Радовиш, СРЦ „25 Мај“, за која Локал Актив претходно пишуваше,  ќе биде реконструирана со средства од државниот Буџет. Владата на седницата одржана на 17 септември донесе одлука за реализација на проекти од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Според оваа

Сепак, ќе се најдат државни пари за салата во Радовиш Read More »

Со електрични велосипеди стартуваше проектот Библиотека на тркала во Струмица

Волонтери на електрични велосипеди, донација на струмичкото семејство Атанасовци, одговараат на повиците на членовите на Библиотеката „Благој Јанков-Мучето“ од Струмица и разнесуваат книги. Струмичката библиотека започна иновативен проект насловен „Библиотека на тркала“, преку кој, книгите станаа достапни за сите читатели, особено за лицата кои немаат можност физички да ги посетат просториите на библиотеката. Се работи

Со електрични велосипеди стартуваше проектот Библиотека на тркала во Струмица Read More »

„Сложна заедница, гаража гради“ – поддршка за доброволното противпожарно друштво од  Свети Николе

Започна донаторската акција за собирање средства за изградба на гаражен простор за противпожарните возила на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) од Свети Николе. „Сложна заедница, гаража гради – Спас за спасувачките ПП возила“ е насловот на акцијата, чија поставена цел е да се соберат точно 1,236.000 денари, колку што е проектирано дека ќе чини изградбата на

„Сложна заедница, гаража гради“ – поддршка за доброволното противпожарно друштво од  Свети Николе Read More »

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE